Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на државниот секретар на САД г. Мајк Помпео на Охрид (04.10.2019 19:04)

На 4 октомври 2019 година, во официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше државниот секретар на Соединетите Американски Држави, г. Мајк Помпео, заедно со својата сопруга, г. Сузан Помпео. При својата посета г. Помпео ја посети Галеријата на икони во Охрид, како и едно од најзначајните светилишта на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“, која потекнува од 13 век. Државниот секретар на САД беше свечено дочекан од највисока црковна делегација, предводена од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, кој беше придружуван од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, како и од секретарот на Светиот Архиерејски Синод, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент. Гостите од САД изразија голема заинтересираност за нашето црковно и културно богатство, а како спомен од нашата држава, добија за подарок прекрасна икона од Мајката Божја, насликана од вештите раце на монасите од манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе.  

 

          

   

Извор: Дебарско-кичевска епархија