Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (22.11.2019 12:05)

Денес, на празникот на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на Пресвета Богородица – Изворот на Животот, Дарот на светот, Иконата на човекот, Учителката на послушанието, Првиот исихаст, Родителката на вечниот живот, Божествениот цвет на сè создадено.

 

Денес е почеток на спасението на светот[1]

 

 

„Воскликни Му на Господа, цела земјо; запеј, радуј се и пеј“[2].

„Извиши го силно гласот свој, подигни го, не плаши се“[3].

Зашто ни се роди Мајка Божја крај светите Врати Овчи,

од Која благоволи да се роди Јагнето Божјо

што ги зема на Себе гревовите на светот[4].

Играјте горе – словесни битија, и издигнете се

до висините на духовното созерцание.

Зашто се раѓа најистакнатата Гора Господова,

Која го преминува и надминува секој рид и секоја гора,

односно човечката и ангелската величина,

Гора од Која е благоволено телесно да се отсече,

без рака, Каменот Аголен Христос – една Ипостас

што разделеното го соединува,

односно Божеството и човештвото, ангелите и луѓето,

незнабошците и телесниот Израил во еден духовен Израил.

Гора Божја, Гора изобилна, Гора украсена, Гора велелепна;

Гора на која Бог благоволи да пребива.

Коленица божествена окружена со безброј херувими и серафими,

со божествената благодат управувана[5].

Планински врв посвет од Синајскиот врв,

зашто не го покрива облак и чад, бура и страшен оган,

туку светлозарниот сјај на Пресветиот Дух.

Зашто додека таму, на Синај,

Словото Божјо со Духот го испиша, како со прст,

Законот на камените плочи,

овде, во Дева, Самото Слово се воплотува

од Светиот Дух и Нејзината чиста крв,

и Самиот Себе ѝ се даде на нашата природа

како најдобар лек за спасение.

Таму имало само мана, а овде –

Оној што ѝ дава сладост на маната.

 

Свети Јован Дамаскин

 

                      

 

 

Содржина

 

1. Вовед: Бог го создаде човекот, ама човек може да Го роди Бога / Венко Андоновски

2. Житие: Пресвета Богородица – Изворот на Животот

3. Несместливиот се сместува во утроба / Свети Јован Златоуст

4. The Most Holy Mother of God: The Fountain оf True Light / Patristic Treasury

5. Kринот на Крстот / Одговорните / Сестра на животот / Старец Арсениј Бока

6. Пресвета Богородице, спаси нѐ! / Митрополит Струмички Наум

7. Братот мој е мојот живот / Викарен Епископ Стобиски Јаков

8. Детето Марија / јеромонах Тит

9. Дар на светот, Икона на човекот, Учителка на послушанието... / о. Горан Стојчевски
10. Премин галерија / Александар Дончев

11. Еколошката криза е, пред сè, духовна криза / д-р Жан-Клод Ларше

12. На прагот на смртта / проф. д-р А. С. Бочаров, проф. д-р А. В. Чернишев

13. Православниот начин на богопознанието / Фредерика Метјуз-Грин

14. Единственото решение за културата / Џонатан Пажо

15. Астерфест: Зограф на филмското актерство / м-р Софија Тренчовска

16. Нови изданија: „Слова за Словото“ / Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан

17. Вести од православниот свет
18. Новиот Вавилон – Новиот Ерусалим

19. Пред одарот и вечноста / Никола Пијанманов

20. Детско катче: Благовеста на радоста

21. Во Нејзината прегратка / На Богородичниот извор / Владимир Марковиќ

22. Една песна / Мики Делев

 



[1] Слово на свети Јован Дамаскин за Рождество на Пресвета Богородица.

[2] Псал. 97, 4.

[3] Иса. 40, 9.

[4] Види: Јован 1, 29.

[5] Псал. 67, 16–18.