Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Сочувство до Архиепископот на Албанската Православна Црква г. Анасастасос за постраданите од земјотресот во Албанија (28.11.2019 12:54)

Ваше Блаженство,

Со длабоко жалење ја примивме веста за земјотресот што се случи во Албанија, кој и ние како соседи го почувствувавме, каде животот го загубија повеќе десетици луѓе, а стотици се повредени.

Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите и на целиот албански народ, од Свое, како и од името на верниот народ и клирот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, примете најискрено сочувство за невино постраданите, та Семилостивиот Бог нека ги упокои нивните души таму кадешто почиваат душите на праведниците, за блиските утеха, а на повредените поскоро оздравување.

                Со длабока сострадалност,

 

 П Р Е Т С Е Д А Т Е Л 
НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г.г. Стефан