Соопштение (07.02.2020 14:02)
На Синодската седница, одржана на 6 февруари 2020 година, покрај разгледувањето на прашањата од тековниот живот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, по предлог на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архиереите го одредија 18 октомври 2020 година како ден за соборна прослава на големиот јубилеј на Бигорскиот Манастир, и на МПЦ – ОА воопшто – 1000 години од неговото основање.
Освен централната прослава на 18 октомври, предвидени се и други манифестации по повод илјадагодишнината, за кои јавноста дополнително ќе биде известена.
од Канцеларијата на Светиот Синод на МПЦ – ОА