Тодорова сабота, камен-темелник на камбанарија и административни простории со крстилна во Свети Николе (06.03.2020 20:03)
На 6 март 2020 година, на празникот на светиот великомаченик Теодор Тирон и светиот свештеномаченик Поликарп, Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот „Свети Николај“, Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуилјаден народ, меѓу кои и градоначалникот на општина Свети Николе, г. Сашо Велков, и ја благослови пченицата во чест на празникот Тодорова сабота.
На Светата Литургија, Неговото Блаженство г. г. Стефан одржа пригодно слово и го причести многуилјадниот православен народ со Телото и Крвта Христови. Истот ден, Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, освети и постави камен-темелник за изградба на камбанарија и административни простории со крстилна, при храмот во изградба посветен на „Света Лидија Македонска“ во Свети Николе.
Извор: Брегалничка епархија