Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Заедницата на Светиот Гроб побара за надминување на кризата во Ерусалимската Патријаршија да биде свикан Сеправославен Собор (08.04.2005)

Во Назарет прославувањето на празникот Благовештение протече без учество на Ерусалимскиот Патријарх. Причина за ова беа предупредувањата од страна на Арапските Православни заедници, коишто планираа демонстрации за поладнето, со барање Патријархот да биде отстранет, затоа што би имало реакции против него. Во меѓувреме, на следниот состанок на Синодот на Цариградската Патријаршија, на 19 април, ќе биде разгледано писмото што го испрати клирот на Заедницата на Светиот Гроб. Во писмото, кое во Фанар пристигна во вторникот вечерта, се бара да биде свикан Собор на Православните Цркви за надминување на кризата во Ерусалимската Патријаршија.

 

Во текот на својата аудиенција во средата, Цариградскиот Патријарх се осврна на проблемите во Ерусалимската Патријаршија:

 

„Нашата болка и грижа се удвоија и нашата молитва кон Бога да им даде мир на Грција и на Ерусалим и на целиот свет станува поусрдна,“ изјави Патријархот.

 

Во Фанар, со внимание ја набљудуваат ситуацијата, забележувајќи дека во Ерусалимскиот Синод се создаде отворено едномислие дека постои потреба полн Собор на Православните Цркви да биде вклучен во справувањето со кризата во Ерусалим.

 

Сепак, не е јасно дали разгледувањето на писмото ќе биде одржано пред 19 април, со оглед на агендата на Цариградскиот Патријарх и на фактот дека учесниците на Соборот мора да допатуваат во Истанбул од разни места од светот.