Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Распнување (17.04.2020 12:49)

Нели, деца, за да преминеме од противприроден во природен начин на живот треба да сме членови на Црквата и да сме под духовно раководство. И нели, ова беа два неразделно поврзани услови. И нели, послушанието трае до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва.

Има и такви „наши“ кои не веруваат во умно-срдечната молитва како критериум поставен од Светите отци (не од мене), според кој се разграничуваат степените на духовниот развој (очистување, просветлување, обожение), својствени за природниот начин на живот.

Затоа, немаат повод и поттик да влезат во целосрдечно послушание кон духовен отец, односно не ја распнуваат логиката на отпаднатиот од Бог ум на крстот од послушанието.

Значи, си остануваат во областа на падот, во противприроден начин на живот.

Со тоа, нивната душевна состојба може да се окарактеризира или како религиозна невроза, или како религиозна психопатија (или социопатија), или како комплетна демонизираност – легион.

И тука нема Крст Христов... И нема Воскресение... Нема ништо...

(дел од беседата на Митрополитот Струмички Наум)