Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (21.05.2020 12:55)

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), освен тековните работи од црковниот живот, го разгледа и предлогот на Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и одлучи за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија да биде избран Неговото Високопреподобие игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот г. Партениј, со титула Епископ Антаниски.

Наречението на новоизбраниот Епископ Антаниски ќе се изврши на 11 јули во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, а хиротонијата ќе се изврши на 12 јули 2020 година, на Петровден во храмот „Св.  Софија“ во Охрид.

Синодот, исто така, го разгледа молбеното барање на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф кој, од здравствени причини, побара да биде ослободен од активна епархиска должност и го усвои неговото барање.

За нов архиереј, на предлог на досегашниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, со титула Сарандопорски, е избран игуменот на Осоговскиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“  архимандритот г. Григориј.

Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата  и востоличувањето ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Куманово.

 

 

Од канцеларијата

на Светиот архиерејски синод на

Македонската православна црква - Охридска архиепископија