Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (25.06.2020 13:43)

Светиот архиjерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија  (МПЦ — ОА), на својата редовна седница, одржана на 25 јуни 2020 година, разгледа повеќе прашања од тековниот живот на Црквата, а особено внимание посвети на реакциите на верниот народ на МПЦ — ОА, кој беше спречен да ги посети вечните почивалишта на нивните ближни за Духовденската задушница, иако беа преземени сите пропишани мерки за заштита, предвидени од здравствените институции.

Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија, заедно со свештенослужителите и верниот народ, уште еднаш покажаа дека ги почитуваат институциите на државата и придонесуваат во заедничката борба против заразната болест, за општото здравје на сите, но за да се избориме со ваквата заразна болест треба мерките да бидат почитувани од сите и еднакви за сите граѓани и институции на државата.

Во таа насока, повикот од одредени општествени фактори за непочитување на мерките од страна на одредени личности и настани од тековниот молитвен живот на МПЦ — ОА, ги сметаме како неосновани.

Надевајќи се на Божјата милост за поскоро избавување од злото на вирусот препорачуваме сите одговорно да ги почитуваме мерките на здравствените институции.

           

Од Канцеларијата на САС на МПЦ — ОА