Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Тројца нови Владици во МПЦ (22.04.2005)

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница, одржана на 22 април 2005 г. благоизволи да ја зголеми својата бројност и избра нови архиереи на Македонската Православна Црква. Во високиот клир на Црквата ги вброи:

1. Неговото Високопреподобие архимандритот о. Методиј (Златанов), заме­ник ректор во Македонската православна богословија, го избра за викарен епископ на епархискиот архиереј на Скопската Епархија, со титула Епископ Велички.

2. Неговото Високопреподобие архимандритот о. Климент (Божиновски), игу­мен на манастирот на Светото Преображение во Зрзе, го избра за викарен епископ на епархискиот архиереј на Преспанско-пелагониската Епархија, со титула Епис­коп Хераклејски.

3. Неговото Високопреподобие архимандритот о. Пимен (Илиевски), постдипломец на Факултетот „Свети Сергеј”  во Париз, го избра за викарен епископ на Струмичката Епархија, со титула Епископ Полјански.

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ја поздравува Одлуката на Судот за ослободување од обвинението на притво­рените бранители на Татковината.

Синодот му дава целосна поддршка на г. Паско Кузман и изразува изненадување од обидите за девалвација на неговото дело.

 

Од Канцеларијата

на Светиот Архиерејски Синод

на Македонската Православна Црква