Соопштение (26.10.2020 13:24)
Во пресрет на претстојните црковни празници, кои православните христијани ги чествуваат како домашни празници и имендени, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, следејќи ја со родителска загриженост општата здравствена состојба, упатува апел да се почитуваат безбедносните мерки за јавни собири, а домашните прослави да се одбележуваат според препораките. Истовремено, парохиското свештенство, кое е упатено во особеностите и традициите на празнување, да се придржува на препорачаните здравствени мерки при извршувањето на црковните треби и на чиновите во храмовите или при посетата на домовите.
од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА