Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (28.04.2021 14:57)

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, имајќи ја предвид епидемиолошка состојба во нашата држава, а во пресрет на Велигден и Велигденските празници, како и досега, го повикува верниот народ на одговорност и почитување на зададените мерки од здравствените власти.

Воедно, ги известуваме верниците дека МПЦ-ОА, во претстојниот период на Страсната недела, кој изобилува со богослуженија, во храмовите и манастирите ќе бидат воведени и спроведувани следните мерки:

– Ќе бидат определени лица кои ќе се грижи за задолжително носење заштитни маски внатре и надвор од храмовите и за држење на пропишаното растојание;

– Каде што има услови, литургиите ќе бидат служени на отворено;

– Каде што има услови, ќе се воспостави посебен влез и посебен излез од храмот.

 

Добро Воскресение.