Соопштение (23.11.2021 12:01)
Со жалење ја примивме веста за страотната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде што животот го загубија четириесет и шест патници, меѓу кои и деца.
Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување.
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г. г. Стефан