Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (23.12.2021 14:49)

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 23 декември 2021 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на актуелните прашања што се однесуваат на преговарачкиот процес со Република Бугарија.

САС на МПЦ – ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. Во тој процес сите позиции да се водат исклучиво на реципроцитетна основа.

САС на МПЦ – ОА упатува апел до верниот народ на нашата Света Црква да продолжат да ги почитуваат здравствените мерки за време на претстојните празници.

 

                                                                                                Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА