Соопштение (25.12.2021 20:28)
Со особена загриженост ја примивме веста што Мајката Црква ја соопшти – дека по редовниот медицински преглед, кај Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј е дијагностицирана инфекција од Ковид 19, со лесна симптоматија. Изразуваме благопожелби за брзо закрепнување и за враќање на редовните задолженија на Неговата Сесветост, кој за сето време на својата архипастирска служба е на будна стража за доброто и за преуспевањето на Православието, ревнувајќи за зачувување на канонскиот поредок на Православната Црква.
Ја повикуваме полнотата на нашата Помесна Црква, свештенството и верниот народ, да ни се придружат во молитвата за здравје и брзо опоравување на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. Вартоломеј.
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан