Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Христос воскресна! (03.05.2005)

 

 

 

 

„Подигни ги очите твои наоколу Сионе и види, сите пристапија кон тебе како богозрачно светило, од Запад и од Север, и од морињата, и твоите чеда на Исток, во тебе благословувајќи Го Христа во сите векови.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Подготовките на духовните чеда на Македонската Православна Црква во времето на Големиот Пост во Загреб од Велики Четврток во Страдалната седмица придобија вистинска евхаристиска полнота на богослужењата со кои го пресретнаа денот на славното Христово Воскресение. Нивниот христољубив копнеж вкуси неизмерна радост во причестувањето со Светите Тајни на денот на Воскресението на Богочовекот. Деновиве пасхална Божествена Литургија на црковнословенски со македонски јазик се служи и во другите поголеми градови во Хрватска. Христос воскресна!

  

 

 

 

 

 

 

„Ова е ветениот и свет ден, единствената сабота - Царот и Господ, празник на празниците и торжество над торжествата, за него Го благословуваме Христа во сите векови.“ 

 

 

 

 

 

 

 

„Оној што царува со сето создание, станувајќи Човек се всели во Твојата богоблагодатна утроба, и откако распетие претрпе и смрт, воскресна боголепно и нас подигајќи нѐ како сесилен – Владичице, Богородице!“

 

„Христос е новата пасха, жртва жива, Јагне Божјо, што ги зема гревовите на светот.“