Честитки од Вселенскиот Патријарх до новиот претседател на Европскиот парламент и до новиот премиер на Северна Македонија (23.01.2022 08:09)
Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј испрати честитки од страна на Вселенската Патријаршија до новоизбраните:
а) Претседателката на Европскиот парламент, Нејзината Екселенција Роберта Мецола и
б) Премиерот на Северна Македонија, Неговата Екселенција г. Димитар Ковачевски.
Неговата Сесветост на двајцата им посака плоден и успешен мандат.
Извор: Официјален сајт на Вселенската Патријаршија