Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (06.04.2022 16:02)

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) ги отфрла изјавите дадени за бугарските медиуми, со кои се проблематизира македонската историска наука и се оспорува континуитетот на МПЦ – ОА.

Тврдењето дека нашата земја „е типичен пример каде што критичката анализа меѓу историјата и политиката сѐ уште не се случила“ е – неприфатливо.

При оваа прилика, кога истовремено се отвора и темата за устројството на Охридската Архиепископија – наследничката на Јустинијана Прима, истакнуваме дека црковните теми и содржини треба да се остават на црковните дејци и авторитети. Исто така, по која основа некој ги омеѓува светителите? Па тие, благодарение на својот богоугоден живот, дела и подвизи, им припаѓаат на оние народи коишто ги почитуваат! Затоа апелираме дека единствено во духот на Евангелието, само со меѓусебно почитување и признавање, може да се придонесе во градењето на довербата меѓу двата едноверни и со сите народи.

Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА