Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (29.04.2022 14:38)

Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 1 мај 2022 година, во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во светот.

Го повикуваме верниот народ да се придружи на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија.

Христос воскресе!