Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (09.05.2022 15:06)

Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:

1) Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт.

2) Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

3) Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија)…

Вселенската патријаршија продолжува да се интересира за растењето, напредокот и благосостојбата на оваа црковна целина на Охрид, како што и правела низ вековите за сите помесни православни цркви, како „сместувалиште љубовта, извор на благочестието на Родот на Православните Христијани“ (митрополит на Драма Павле).

Во Патријаршијата, на 9 мај 2022

Од секретаријатот на Светиот и Свештен Синод

Извор: https://fosfanariou.gr/index.php/2022/05/09/to-ecum-patr-dexetai-se-koinonia-tin-ekklisa-twn-skopiwn/