СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА (05.06.2022 20:33)
Денес, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј и Нивните Преосвештенства Епископите Зворничко-Тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избраниот шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избраниот западноевропски г. Јустин, избраниот епископ Јегарски арх. Нектариј, во молитвено присуство на Високопреосветениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосветените епископи Хераклејски г. Климент, Бачки г. Иринеј, Маркански г. Сава и пензионираниот канадски г. Георгиј.
На крајот од Светата Литургија, Неговата Светост Патријарх Српски г.г. Порфириј на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан му врачи Томос, со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Извор: spc.rs