Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Стотици верни го пречекаа Српскиот Патријархот Порфириј во манастирот Калиште кај Струга (21.06.2022 04:28)

Неговата Светост Патријархот Српски Порфириј, вчера, во раните вечерни часови пристигна во манастирот Калиште, кај Струга, каде што Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, митрополитите, свештениците, монасите и стотици верници приредија многу свечен дочек.

Во чест на Српскиот Патријарх Порфириј, придружуван од Преосветениот епископ Зворничко-Тузлански г. Фотиј, во храмот на древниот манастир посветен на Пресвета Богородица се отслужи доксологија.

Стотици верни, стари и млади, деца во народни носии не ја криеја радоста што може да го примат патријаршискиот благослов.

Манастирот посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица во селото Калиште, на брегот на Охридското Езеро, западно од Струга, го краси чудотворната икона на Богородица.

Недалеку од храмот се наоѓаат лековитите извори на свети Петар и свети Ананија, како и параклисот на свети Атанасиј во пештерата.

 

                 

                

Извор: spc.rs