Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Света Архиерејска Литургија во Кавадарци (09.10.2022 21:21)

По повод чествувањето на 55-годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, во црквата „Св. вмч. Димитриј“, во Кавадарци, се одржа традиционалниот Семакедонски црковно-народен собор. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија во сослужение со надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар,  Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство и монаштво. Традиционално, на Литургија присуствуваа верници од цела Македонија и дијаспората.