Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божикен прием на државниот врв (09.01.2023 10:50)

 

На 9 јануари 2023 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, приреди традиционален божикен ручек за државниот врв. На божикната трпеза присуствуваа претседателот на Републиката г. Стево Пендаровски и премиерот на Македонија г. Димитар Ковачевски, како и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков.

Извор: Скопска епархија