Средба со Амбасадорката на САД (17.01.2023 17:04)
На 17. 1. 2023 година, во Архиепископската резиденција, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан ја прими новата амбасадорка на САД, Нејзината екселенција г-ѓа Анџела П. Агелер, којашто беше придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД. На средбата, којашто помина во срдечна атмосфера, присуствуваа и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски", проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.
Неговото Блаженство ја запозна Нејзината екселенција со историјата, духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и меѓу иселените Македонци по светот и, посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји.