СООПШТЕНИЕ (01.06.2023 15:08)
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на Света Архијерејска Литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид, со почеток од 9 часот.
Од Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА