Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Претстојателите на Српската и на Македонската Православна Црква отслужија Света Литургија во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка (29.08.2023 16:24)

На 29.10.2023 година, кога Светата Црква  го прославува поменот на великиот пустиножителен отец, преподобниот Јоаким Осоговски претстојателите на Српската и на Македонската Православна Црква: Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужија Света Божествена Литургија во манастирот посветен на светиот Јоаким Осоговски, крај Крива Паланка.

На поглаварите им сослужуваа Нивните Високопреосвештенства, митрополитите од Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија: Повардарски г. Агатангел, Кумановско-осоговски г. Григориј и поранешен Кумановско-осоговски г. Јосиф, Митрополитот Доростолски г. Јаков од  Бугарската Православна Црква и епископот Јегарски г. Нектариј од Српската Православна Црква , како и бројни свештенослужители, меѓу кои и претстојателот на Романското подворје во Софија, ставрофорниот протопрезвитер Нелуцу Опреа.

На Светата Литургија многубројниот народ се причести со светите Христови Тајни.

 

                              

Извор: Скопска епархија