Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Реплика на коментар кон наши известувања за кризата во Ерусалимската Патријаршија и за други информации од помесните Православни Цркви (13.05.2005)

Вечерва официјалниот web site на Македонската Православна Црква во својот активен Inbox прими реплика на извесен коментар објавен на web страница од друг сајт, кој се докоснал до нашите известувања за кризата во Ерусалимската Патријаршија.

 

Во продолжение го објавуваме текстот на репликата што ни беше пратена, а се емитува на сајтот на Македонската Православната Македонска Црква во дијаспората ’Македонска Православна катедрала Св. Петар и Павле’.

 

Линкот што ве поврзува со истата реплика, но и со приложениот коментар што ја предизвикал гласи:  

http://www.svpetaripavle.org/new/news05/poa1.html

 

Реплика

 

„Вакви коментари се едноставно - прекрасни. Просто реткост е да се најде ваков бисер на Internet, а напишан на Македонски јазик. Господинот Кацарски читајќи ги текстовите на web страната на Македонската Православна Црква, просто не можеше да се воздржи а да не ја разврзе. Местото каде што е неговиот текст објавен нема никакви други соджини освен озборување, плукање и негативно коментирање. А тоа место се води под категоријата ’религиозна web страна’. Е па добро. Да почнеме по ред.

 

Во стилот на сите текстови објавени на www.poa-info.org (просто зачудува дека најпосле некој се потпишал) започнува добро познатата тирада на отпадниците за непризнаеноста на МПЦ. Не недостасуваат ни навредливите зборови (шугави овци) кои се токму во стилот на високо светите и непрегледно образованите припадници на таканареченета ПОА. „Со иста мерка” е малку премногу за еден ваков коментар на овие безвредни текстови, но чисто заради забава ќе користам слични зборови за да му бидам на исто рамниште на горепотпишаниот гос'н Стево.

 

Кога го читав неговиот текст најмогу што ме изненади е неговата осуда на „коментарите” за случувањата во Ерусалимската Патријаршија. Човекот воопшто ја нема посетено страната на МПЦ туку ова го пишува од прекажано. Имено, на страната на МПЦ навистина со денови по ред можеме да прочитаме вести за тие случувања. НО ВЕСТИ, а не КОМЕНТАРИ. И тоа вести преземени од Грчките гласила. Јасно назначено е дека текстот е преземен од таму и таму, и дури има и линк, за кој сака да го прочита и во оригинал.

 

Секако зачудувачка е и намерата на Кацарски да осуди некого за пренесување вести. И оправдувањето за тоа му е: демек, вие не сте признати и немате право да пренесувате вести. Така ли? Сполај ти.

 

Читајќи ги текстовите на web страната на таканаречената ПОА, ви доаѓа во исто време да се смеете (на простотијата на стилот и јазикот), да се изнервирате (на упорните глупави комедии на луѓето што стојат зад таа страна и пишуваат на неа), да повратите од излитените лаги и да престанете да користите интернет како резултат на мешавината од сите тие чувства. Овој текст не е ништо поразличен. Мета на текстот очигледно е Наум (најверојатно следна мета ќе биде било кој што ќе се огласи, вклучувајќи ме и мене). Тогаш ќе се заборават сите „достојанствености” за кои најверојатно се залага Кацарски. Зрел човекот - нема што. И тој и сите текстови што стојат на страната на „ПОА”.

 

Човекот од незрелост, од Наум, од Ерусалим, од коментари - па наеднаш скока на раскол. Многу си го сакаат тој збор. Ептен е употребуван. 58% од текстовите се застапени со тој збор, другото се навреди и сврзници.

 

Ај, за расколот. Не сум свештено лице, ама никако не ми е јасно со кого е тоа МПЦ во раскол. Со останатите Православни Цркви не е во заедништво и знаете многу добро зошто е тоа така. Во раскол со верниот народ? Тешко, многу тешко. Колку повеќе притискате, толку повеќе врската меѓу Македонскиот народ и Македонската Православна Црква станува појака. Впрочем тоа не само што го гледате и знаете, туку и ништо не можете да направите за да го пореметите тој однос на работите. Доколку мислите дека тоа не се смета туку само „заедништвото на Црквите (под Црква ВИЕ подразбирате збир на свештени лица и згради со фрески), тогаш не само што многу грешите, туку и страшно се лажете. Или ако мислите дека МПЦ е во раскол со Бога, не би ви препорачал да одите толку далеку, заради вашите души. Ќе направите голем грев кој ни опрост не го пере.

 

Но вие грев не признавате. Грешен е Наум, Кирил и кој не, само не Јован и оној од Ерусалим што присвоил 15 милиони евра (или барем се обидел да ги присвои). Тоа не е грев, тоа е „Божја работа” според вас. А ние сме шугави овци што пасиме трева. Ако... само знаеш што? Има Бога - ако ти не веруваш... ама има.

 

- текстот е објавен на www.svpetaripavle.org -

 

Р. Ѕ.

Доста им молчиме.