Востоличен новиот Епископ Делчевско-каменички г. Марко (18.09.2023 21:01)
На вчерашната свечена Архиерејска Литургија во соборниот делчевски храм на Сечесното Успение на Мајката Божја беше востолиен новиот Епископ на Делчевско-каменичката епархија, Преосветениот г. Марко. Со овој свештен чин, за прв пат во поновата црковна историја, Делчево станува епископско седиште.
На Светата Литургија чиноначалствуваше Епископот Делчевско-каменички г. Марко, кому му сослужуваа Митрополитите: г. Иларион Брегалнички, г. Јован Крушевско-демирхисарски и г. Григориј од Кумановско-осоговски како и Епископите од Србија: г. Пахомиј Врањски, г. Андреј од Австриско-швајцарски и г. Арсениј Нишки.
Молитвено учествуваа и други архиереи: Митрополитот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Дремвицки г. Давид, Епископот Стобиски г. Јаков и пензионираниот Митрополит г. Јосиф поранешен Кумановско-осоговски.
Чинот на востоличување беше изведен од Митрополитот Брегалнички г. Иларион, од чијашто досегашна епархија произлезе новата православна епархија Делчевско-каменичка.