Прашањето за иднината на Ерусалимскиот Патријарх ќе се решава на седница на Високиот Синод во Фанар (14.05.2005)
Без оглед на барaњето на Управниот одбор на Ерусалимската Патријаршија за неспомнување на отповиканиот патријарх, на литургијата во Патријаршијата во Фанар Иринеј ќе биде спомнат како обично. Оваа одлука денес ја донесе Синодот чија седница беше фокусирана на иднината на Иринеј и на односот на Грчките Православни Цркви спрема него, со која заседаваше Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, а присуствуваа Александрискиот Патријарх Теодор и митрополитите на Севастија, Филаделфија, Ксанија, Иконија, Ефес и Ираклија. Седницата на Високиот Синод ќе се одржи во вторник и ќе ја одлучи иднината на Ерусалимскиот Патријарх, кој се очекува да пристигне во Фанар во понеделник. На денешната средба беше објавен наодот на патријаршиската делегација од Фанар којашто го посети Ерусалим минатата недела.
„Да не биде спомнуван“
По ова прашање Архиепископот Христодул во телефонски разговор побарал совет од Патријархот Вартоломеј, а во меѓувреме ги откажал своите патувања во Кардица и Лариса. Како што дознаваат изворите, Христодул нема да служи Литургија во недела, за да го одбегне заземањето страна во однос на барањето на Управниот одбор на Ерусалимската Патријаршија за неспомнување на патријархот Иринеј на литургија.
информација од: http://news.ert.gr/newsDetails.asp?ID=134946