Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (26.12.2023 21:14)

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот при што се доделија одличија на заслужни свештеници.

На почетокот од седницата Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на новоинтронизираните архијереи, со што се заврши процесот на интеграција во рамките на МПЦ – ОА.

Светиот Синод, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастар - Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички.

Светиот Синод особено внимание и загриженост посвети и на политичките случувањата во нашава земја, поврзани со најавите за учество на партија од соседно Косово која би учествувала на следните парламентари избори.

Синодот апелира до сите македонски политички фактори, од позицијата и  од опозицијата како и до добронамерните албански партии, да сторат сѐ што е потребно за спречување на такви дејствија во македонската политичка сцена.

Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА