Светиот Синод на Ерусалимската Патријаршија ќе избере помошник-патријарх ? (15.05.2005)
Во текот на наредните десет дена, откако јорданскиот крал Абдулах Втори го ратификуваше Актот на одлуката на Управниот одбор на Ерусалимската Патријаршија за отповикување на г. Иринеј од патријаршискиот престол, се очекува Светиот Синод на Патријаршијата да назначи помошник патријарх, со што ќе започне процедурата за избор на нов Ерусалимски Патријарх.
Овие потези ја расчистуваат ситуацијата за Фанар, каде што во вторник се очекува да се одржи средба на Високиот Синод на која ќе биде решавано за иднината на г. Иринеј. Информацијата според која тој ќе замине за Фанар во понеделник останува непотврдена. Инаку, г. Иринеј ќе биде спомнат на литругијата во Цариградската Патријаршија како обично, и покрај барањата на Управниот одбор на Ерусалимската Патријаршија неговото спомнување да се изостава, јавуваат грчките медиуми.
информација преземена од: http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=7833