Архиепископот во посета на Рим и Ватикан (26.02.2024 21:20)
По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отпатува за Рим, каде што утре ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“). На патувањето Архиепископот е придружуван од: Митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во текот на посетата, Неговото Блаженство денес официјално ќе биде примен од Неговата Светост, Папата Франциск. На средбата ќе присуствува и Н.Е. Марија Ефремова, македонски амбасадор во Ватикан.