Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиепископот во Белград се сретна со Српскиот Патријарх (07.03.2024 14:33)

По покана на Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј, а по повод тригодишнината од Неговиот избор за Претстојател на сестринската Српска Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан беше во дводневна посета на Белград, Србија. Архиепископот беше придружуван од членовите на работниот состав на Светиот архијерејски синод: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и од секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент.

На средбата беа присутни и Неговото Преосвештенство Епископот Бачки г. Иринеј, член на Светиот архијерејски синод на Српската Православна Црква и  архимандритот Нектариј Ѓуриќ, главен секретар на Синодот на Српската Црква.

Посетата помина во пријателска и братска атмосфера, при што посебно внимание се посвети на актуелностите во сеправославиот свет.

извор: Скопска епархија