Vesti i nastani
 
 
 
 
 

До Реис-ул Улема Хаџи Шаќир Ефенди Фетахи Исламска верска заедница во Македонија (10.04.2024 20:16)

 Почитуван Ефенди Фетахи,

 Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа. Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од Севишниот!

 Честит празник!

 

 П Р Е Т С Е Д А Т Е Л НА СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ