Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Позитивни сигнали од Москва за поддршка на МПЦ (17.05.2005)

 

Иако одбегнуваше конкретни одговори, повеќе од јасно e дека еднодневниот престој на високиот гостин е поддршка на МПЦ, која доаѓа во време на одржувањето на Саборот на СПЦ: од вчерашниот прес, Валериј Аркадиевич Алексеев

 



Од 10 до 17 јули во Македонија ќе се одржи манифестацијата „Гласот на православна Русија“, на која покрај учеството на Хорот на Московската Патријаршија, ќе биде прочитана и пораката на Рускиот Патријарх Алексиј Втори. Ова е прв чекор и нашата држава да биде дел од Меѓународниот фонд на православните народи, основан во 1995 година со благослов на Патријархот Алексиј, чиј советник е токму извршниот претседател, проф. д-р Валериј Аркадиевич Алексеев, кој вчера престојуваше во еднодневна посета на Република Македонија. Иако во официјалниот дел на програмата не беше набележано, д-р Алексеев, кој е дојден по покана на Комисијата за односи со верските заедници, вчера попладне имаше работен ручек во Охрид со Митрополитот дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј.
„Ова не е прва соработка со вашата држава“, рече д-р Алексеев на средбата со новинарите, „зашто православна Македонија сега првпат беше учесник на конференцијата која секоја година ја организираме во различни земји, така што беше застапена со уште 24 држави. Овој пат во Скопје ја претставуваме програмата на Фондот, чија активност е насочена кон подготовките на манифестацијата „Гласот на православна Русија“. Што се однесува, пак, до отворање на претставништво на Фондот во Македонија, треба да бидат исполнети одредени услови, пред сѐ да претходи подолга соработка со претставници на политичкиот живот на државата. Ист бил случајот и со Бугарија и со Србија и Црна Гора, каде што прво била воспоставена посериозна соработка, а дури потоа уследило и барањето на нивните православни народи за отворање на претставништво на Фондот за православно единство. Не сакаме да промовираме своја политика, туку иницијативата мора да произлезе од православниот народ, а сега сме во почеток на нашата соработка. За нас не е нормално Македонија како православна земја да биде исклучена од православното семејствоои“, објасни д-р Алексеев.
Прашан зошто  говори само за православна Македонија без да ја спомене Македонската Православна Црква, советникот на рускиот патријарх одбегна конкретен одговор и нагласи дека се надева оти ќе ги заврши сите планирани обврски, без што било да прецизира. Еминентниот гостин од Русија, кој е професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, директор на Фондот, а како советник е ангажиран од претседателот на руската Дума, потоа во Секретаријатот на Меѓупарламентарната асамблеја на православните парламентарци и е советник на Московскиот Патријарх Алексиј Втори, не одговори прецизно ниту на прашањето дали неговата посета на Македонија е сврзана за најавеното посредништво на Руската Црква во спорот меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква. „Во текот на посетата на Македонија, говориме за зајакнување на врските и контактите на православните народи на нашите земји, но разберете дека не може да се стави воз пред локомотива, зашто најнапред треба да започне соработката, па потоа да видиме кои се проблемите што ве оптоваруваат и, рече д-р Алексеев. Што се однесува, пак, до црковниот спор, тој истакна дека треба да се реши со почитување на каноните.
Иако одбегнуваше директни одговори на темата која најмногу ја оптоварува нашата Црква, но и јавноста, сепак, самата посета на гостинот, кој е исклучително респектиран во православниот свет, значи токму поддршка на Македонската Православна Црква. И не само тоа, извесно е дека тајмингот на посетата не е случајно избран токму во време кога Српската Православна Црква во Белград го одржува Саборот од кој неофицијално се најавува давање томос на нерегистрираната паралелна црква на српскиот егзарх Јован. 

 

информацијата е преземена од:  http://www.utrinski.com.mk/