Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На повикот да се повлече, патирјархот Иринеј одговори со свикување Синод од свои приврзаници (17.05.2005)

Досегашниот Ерсуалмски Патријарх г. Иринеј одржа седница во својата резиденција со четири члена на Светиот Синод, а во присуство на седуммина свештеници. Оваа ситуација ги загрижи останатите 14 члена на Синодот и израелската полиција.

 

Денот започна со судири во Ерусалим. Причина за ова беше намерата на г. Иринеј да влезе во патријаршиската престолна соба. Известувањето за оваа намера дојде од неговата резиденција, каде што престојува под стража. Потегот предизвика остри реакции кај останатото свештенство, коешто одбива да му ги предаде клучевите. Според јавувањата на Панос Харитос, дописник на NЕТ од Ерусалим, по наредба на политичкиот врв израелската полиција е на местото на настаните, за да го придружува г. Иринеј до наведената просторија, под услов тој да не презема чекори за свикување  трет Синод. Преговорите завршија со интервенција на генералниот секретар на израелскиот кабинет, кој ја презеде улогата на посредник и ги замоли двете страни да не преземаат никакви дејства поврзани со трет Синод сѐ додека позициите не бидат разјаснети. Сепак, Иринеј го свика Синодот од архиереите што го поддржуваат во својата резиденција. Во меѓувреме, денес во Фанар се состана Светиот Синод на Цариградската Патријаршија. Едногласно беше одлучено наредниот понеделник (23 мај) да се свика Врховниот Синод за да одлучи во врска со Иринеј.

 

преземено од грчкиот медиум ЕРТ: http://news.ert.gr/newsDetails.asp?ID=135616