Vesti i nastani
 
 
 
 
 

СПЦ треба да се укине (30.05.2005)

 

 

 

 

 

 

Дури 36% од слушателите на белградското радио „В 92“ сметаат дека Српска Православна Црква треба да биде укината како институција, резултат е на изјаснувањето на слушателите на ова популарно радио во Србија. Своите мислења ги искажале 391 слушател кои одговарале на прашањето: „што мислите за СПЦ?“. Најчест одговор бил „не ја почитувам таа институција и сметам дека треба да се укине, но верувам во Бога“.

Дури 23% од слушателите одговориле дека „не се согласуваат со ставовите на СПЦ, но дека ја почитуваат“, а 20,97% рекле дека „тотално не ги интересира СПЦ“. Само 13% од нив одговориле дека „се ортодоксни верници и дека СПЦ им е смисла во животот“.

 

 информација прземена од:

http://www.b92.net