Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Патријархот Алексеј Втори не ја одобрува постапката на Српската Патријаршија во врска со создавањето на паралелната ерархија во Македонија (02.06.2005)

 

 

 

На средба со претставници на Координациониот комитет на меѓународниот форум „Културно-историските традиции на соработка меѓу државните власти, општествените институции и Православната Црква“, одржана на 1 јуни 2005 г., беше допрена темата на односите меѓу Руската Православна Црква – Московска Патријаршија и Македонската Православна Црква, известува официјалниот web site на Руската Православна Црква. Одговорајаќи на прашање на членовите од грчката делегација, патријархот Алексеј Втори во коментар во врска со ситуацијата во Македонската Православна Црква, помеѓу другото, изјавил дека откако патријархот Павле му се обратил барајќи совет во врска со создавање на ерархија паралелна на Македонската Православна Црква, тој му одговорил дека не треба да се оди на тоа решение туку дека со сите сили и на секој начин треба да се задржи црковното единство, бидејќи паралелната ерархија е пат кон продлабочување на расколот. Тој исто така забележал дека оваа ситуација бара компромисно решение и изразил надеж дека расколот, којшто ги разделил православните словенски народи, ќе биде надминат.

 

 

 

поопширна инфромација на следните линкови:

http://www.patriarchia.ru/db/text/20415.html

http://www.sedmitza.ru/index.html?did=24032