Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување и поставување на камен темелник на нов резиденцијален објект (27.06.2005)

Во четвртокот, на 23 јуни 2005 година, на денот на Светиот маченик Тимотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки и администратор на Повардарската епархија г. Тимотеј заедно со Митрополитот Брегалнички г. Агатангел изврши осветување и поставување на камен темелник на резиденцијален објект на Повардарската епархија лоциран во непосредна близина на градот Велес.  

Во рамките на резиденцијалниот објект во план е и изградба на параклис посветен на Светите цар Константин и царица Елена. Изведувач на градежните работи околу овој објект е охридската градежна фирма „Митанпром”.