Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј ги освети темелите на новата црква посветена на Свети Никола (27.06.2005)

Во саботата, на 25 јуни 2005 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки г. Тимотеј во сослужение на свештенослужителите од епархијата изврши осветување и поставување на камен темелник на нова црква во село Трпејца. Ова село се наоѓа на дваесетина километри од Охрид по патот кон манастирот на Свети Наум Охридски и во него веќе има црква посветена на Свети Никола. Новата црква чии темели беа поставени ќе го носи името на Свети Никола и ќе биде изградена на нови темели и со поголеми димензии но на местото каде што постои претходната црква. На оваа свеченост присуствуваа голем број жители на селото, како и градоначалникот на градот Охрид.