од Американско-Канадската Македонска Православна Епархија (27.06.2005)
Почитувани,
Во името на Епархиското Собрание, во името на епархискиот Управен одбор, во името на стотици илјади Македонци кои живеат и работат на овие простори во САД и Канада и се неделив дел на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија а со тоа и верни чеда на Светата Македонска Православна Црква Ве поздравуваме и се обраќаме со едно искрено, чесно и отворено барање до Вас а тоа е:
Да се престане со објавување на слики на Зоран Вранишковски во свештеничка облека затоа што тој е расчинет и како таков е вратен во редот не на мирјаните ами во редот на оние кои ќе треба преку покајание да се удостои барем, по одржаната епитимија, казна, да биде причестен.
Јавноста треба да е запознаена дека во спротивност на Уставот на Македонската Православна Црква, Зоран Вранишковски се представува во пецатените медиуми како свештеничко лице. Вранишковски во минатото носесе достоинство на Македонски Митрополит, кое достоинство му беше одземено од Светиот Синод на МПЦ, кое претходоно и му го даде. Со самото расчинување на Вранишковски, престанаа да важат сите негови митрополитски обележја. Следствено на ова, бараме без одлагање, од македонските медиуми да престанат со објавување на слики и текстови за Вранишковски, во кои тој се претставува како црковен великодостојник.
Човек кој при обраќање преку медиумите (што беше случај при неговата
последна посета на САД) користи туѓ јазик (српски) и користејќи навредливи зборови за сè што е Македонско, апсолутно не заслужува внимание во таква конотација.
Ако еден генерал кој го губи својот чин поради предавство, нема право и не заслужува да ги носи своите генералски цинови, истиот се враќа во редовите на обичните граѓани, тогаш истото важи за еден паднат црковен великодостојник и за секој оној кој со своето однесување придонесува да се шири раскол, омраза и непочитување.
Ако преку дипломата човекот се здобива со звање, тогаш со својот морал во тоа звање тој се потврдува или не како авторитет.
Објавувањето на Вранишковски во свестеничка облека и со митрополитски инсигнии сметаме дека претставува навреда за сите наши архиереи, членови на САС на МПЦ кои ги положиле своите животи на Светиклиментовиот олтар и со право ја возобновиле Светата Охридска Архиепископија. Не навредува и сите нас, свештеници и верници, кои секогаш сме и ќе останеме посветени на негувањето на вистината и традицијата на Македонската Правослвна Црква и нашата родна земја.
Со почит,
потпредседател на Епархијското Собрание на Американско-Канадската
Македонска Православна Епархија
Борис Веловски
во Crown Point, Indiana, USA
24 јуни 2005 година