Парумба (29.06.2005)
На вториот ден од Духовден, во местото наречено Парумба коешто се наоѓа на границата со Албанија, а е во близина на местото Црн Камен, во црквичката посветена на Светиот Дух која се наоѓа на надморска височина над 2000 метри и до која може да се дојде единствено пеш, јеромонахот Макариј од братството на Бигорскиот манастир на Свети Јован Крстител отслужи Божествена Литургија. Во оваа црквичка е востановена пракса за служење на Литургија на овој ден од 2002 година. Црквичката е изградена со благослов и осветена е од надлежниот архиереј, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј.
црквичка во Белица (Велица), којашто ја изградил Епископот Климент Велички