Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Дел од моштите на Свети Григориј Палама во Струмичката епархија (30.06.2005)

Вечерва, во 11.30 часот дел од моштите на Свети Григориј Палама влегоа во Струмичката Епархија.

 


 

„Во својата неизмерна љубов кон човекот, Синот Божји не ја соедини само својата Божествена ипостас со нашата природа примајќи го душевното тело и разумната душа „и на земјата се јави и живееше со нас“, туку неизмерно ли и прекрасно чудо! Се соединува и со човековите ипостаси проникнувајќи го со Себеси секој верник што се причестува со Неговото Свето Тело. Така станува едно тело со нас (Ефес. 3, 6), нè прави да бидеме храм на целото Божество, бидејќи во самото Тело Христово „живее секоја полнота на целото Божество, телесно“ (Колос. 2, 9). Како тогаш Он да не ги просветли оние што достојно се причестуваат, осветлувајќи ги нивните души со Божественото зрачење на Неговото во нив вселено Тело, исто како што некогаш на Тавор ги осветли телата на Апостолите? А ова Тело, извор на светлина и благодат, во тоа време уште не било соединето со нашето тело. Тоа надворешно ги осветлило оние што биле достојни да му се приближат, пренесувајќи ја светлината на душата преку сетилото за вид. Но сега, бидејќи е соединето со нас и живее во нас, Тоа внатрешно ја просветлува нашата душа.“ (Свети Григориј Палама, Тријада I)

  

тропарот на Свети Григориј Палама