Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот г. Тимотеј отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на Свети Наум во Охрид (04.07.2005)

„Достојно да го почитуваме во песни, божествениот Наум, кој е: поток на чудеса, извор на исцеленија, слава на монасите, украс на свештениците.“

(утрена, слава на светилен)

 

 

 

Неговото високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки и администратор Повардарски г. Тимотеј на овој ден отслужи Божествена Литургија во манастирот на Св. Наум Охридски во Охрид, во сослужение на повеќе свештенослужители од епархијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Свеченото прославување и чествување на празникот на Свети Наум Охридски Чудотворец започна во саботата со празнична Вечерна богослужба со која началствуваше Владиката Тимотеј. На Вечерната богослужба се изврши и бласловување на петолебие. Верниот народ во голем број присуствуваше на оваа богослужба, приоѓајќи до гробот на Свети Наум со поклон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Утредента прославата на празникот на Свети Наум Охридски продолжи со Архиерејска Литургија на која со пригодно слово-беседа се обрати Вадиката Тимотеј до собраниот верен народ, кој беше дојден во огромен број во манастирот. За време на Литургијата Владиката во ѓаконски чин го ракоположи Тане Величковски, богослов и сегашен студен на Теолошкиот Факултет во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

По завршувањето на Светата Литургија свештенослужителите се упатија во манастирскиот двор каде што извршија водосвет и го благословија празничниот леб. Потоа свештенослужителите, заедно со својот Владика пристапија до новоизградената манастирска камбанарија каде што го извршија чинот на благословување на црковно ѕвоно - камбана. Камбанаријата е поставена на северозападната страна на влезот од црквата, а во рамките на камбанаријата на подножјето е изградена капела која ќе биде  посветена на Светите браќа Методиј и Кирил. Двете камбани кои за неколку дена ќе бидат поставени на камбанаријата се со тежина од 120 и 350 кгр. и истите ќе го разлеат својот глас после прекинот од 50 години, кога претходната камбанарија во 1954-55 година беше урната со параклисот на Свети Јован Владимир.

 

 

 

 

 

Празнувањето и чествувањето на Свети Наум Охридски во охридскиот крај претставува битно обележје на православниот христијански верен народ, кој во огромен број доаѓа пред гробот на Свети Наум и тоа не само од Македонија, туку и од Србија и Црна Гора, Албанија, Грција, Бугарија и други земји, како и Македонци коишто доаѓаат од прекуокеанските земји на овој празник. Посетеноста на манастирот во текот на овој празник во бројност изнесува повеќе од 25.000 верници.