Делегација од Православна Русија кај Поглаварот на Македонската Православна Црква (10.07.2005)
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во својот Кабинет во Македонската Архиепископија денес ја прими делегацијата на Меѓународниот фонд за единство на православните народи, предводена од г. Валериј Алексеев, претседател на Фондот, којшто деновиве е организатор на манифестацијата „Гласови на православна Русија во Македонија”. На средбата присуствуваше и г-дин Цане Мојаноски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при Владата на Република Македонија, како и претставници на градските власти.