„Гласови на Православна Русија во Македонија“ (11.07.2005)
Во соработка на Македонската Православна Црква, Министерството за култура и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со Меѓународниот фонд за единство на православните народи, вчера навечер во соборниот храм на Свети Климент Охридски во Скопје започна манифестацијата „Гласови на Православна Русија во Македонија“. Концертите, во рамките на оваа манифестација, ќе бидат во изведба на познатите руски хорски колективи: хорот на Московската Духовна Академија и на Богословијата, камерниот хор „Класика“ на Меѓународниот фонд за единство на православните народи и камерниот хор на Државното музичко високо училиште „Гнесини“. Манифестацијата ќе трае до 16 јули 2005 година, а концерти ќе се одржуваат и во други градови од Републиката: Велес, Струмица, Прилеп, Битола и Охрид. Гостувањето на руските хорови во Македонија е со благослов на Патријархот на Руската Православна Црква, Алексиј Втори. На вчерашниот концерт и отварањето на манифестацијата присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Европски г. Горазд, Митрополитот Брегалнички г. Агатангел, претседателот на Меѓународниот Фонд за единство на православните народи, г-дин Валериј Алексеев, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-дин Цане Мојаноски, како и многу други претставници на државни и културни институции.
До покровителите, учесниците и слушателите на програмата „Гласови на православната Русија во Македонија“
Почитувани покровители, учесници и организатори на Програмата!
Со срдечна радост ве поздравувам сите вас по повод отварањето на духовно-културната добротворна програма „Гласови на православната Русија во Македонија“, која се надевам ќе стане важен настан во руско-македонските односи.
Оваа програма на Меѓународната Фондација за единство на православните народи, која работи на Нашиот патронат, во 2001-2004 година со голем успех се одржа во Бугарија, Велика Британија, Германија, на Кипар, а сега стигна во древната и прекрасна земја на истоверниот македонски народ за да ги запознаеме вашите православни браќа со богатството на духовните песнопенија и со убавината на музичко-пејачката уметност на рускиот народ.
Културата на која што неодамна дел ѝ се музиката и пеењето, секогаш е важен услов за развој на животот на народот и е сигурен мост за зацврстување на врските со другите народи, за хармонизација на целиот простор на битието на човештвото. Православната култура во уште поголем степен носи во себе длабок позитивен потенцијал, бидејќи во нејзината основа се Божјите заповеди на љубовта, сожалувањето и помошта за ближниот.
Важно е дека најновата Програма на фондацијата се отвара токму на почвата на Македонија каде што спасувачките вистини Божји звучеле од устата на светите апостоли и каде што зема почеток создавањето на нашата заедничка словенска писменост од Светите Кирил и Методиј. Овде се збогатувала и византиската култура, која се овоплотила во националната архитектура, сликарство и музиката на Македонија.
Православното пеење стана неодделив дел на руската култура и националната самосвест, во која цврсто е вкоренето восприемањето на молитвата преку убавината и хармонијата на музичкото звучење. Се случувало дека таквата молитва ги запирала војниците подготвени да се судрат и ги смирувала осрдените срца на луѓето, носејќи им ја светлината на Божјата љубов.
Минувајќи низ душата на рускиот народ православната музика се здоби со неповратлив духовен колорит кој ги одразува народниот карактер и уникатната природа на Русија. И сега, благодарение на Меѓународната Фондација за единство на православните народи, жителите на истоверната Македонија имаат можност непосредно да се допрат до истакнатите села на руската духовна музика во изведба на познатите руски хорски колективи.
Изразувам надеж дека оваа Програма ќе има заслужен успех и ќе стане нов чекор во умножување на заемното разбирање и во зацврстување на пријателските врски на нашите истоверни народи.
Патријарх Московски и на цела Русија
Алексиј