Пештани (14.07.2005)
Денес, на празникот на Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитoт Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки г. Тимотеј отслужи Божествена Литургија, во сослужение на повеќе свештенослужители од епархијата, во црквата на Светите бесребреници Козма и Дамјан во с. Пештани, Охридско. На Светата Литургија присуствуваа поголем број на верници од Пештани, кои овој ден го празнуваат и како домашна слава. Владиката Тимотеј на крајот од Литургијата пред собраниот верен народ одржа беседа. Тој го истакна житието на овие двајца Светители лекари - бесребреници, кои со својот живот послужуваа за доброто на секој човек кој ќе побараше помош од нив. Човекољубието е еден од начините кои го водат верниот човек до Бога.