Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Концерт на руските хорови во Охрид (16.07.2005)

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, кој традиционално се одржува од 1961 година, вечерта на 15 јули во црковниот двор на катедралата на Света Софија во Охрид се одржа концерт на три реномирани хорови од Русија, кои настапија пред поширокиот аудиториум. На овој концерт присуствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки и администратор Повардарски г. Тимотеј, во придружба на бројно свештенство од двете епархии.

 

 

          

 

 

На концертот учествуваа: хорот на Московската духовна академија и семинарија, под диригенство на игумен Никифор Кирзин; Камерниот хор „Класика” на меѓународниот фонд за единство на православните народи, под диригенство на Нина Павловна; и Камерниот хор на меѓународното државно музичко училиште „Гнесини”, под диргенство на Валериј Александрович. Овие хорови учествуваа под покровителство на Меѓународниот фонд за единство на православните народи и програмата „Гласови на Православната Русија во Македонија”.

 

 

       

 

 

Настапот на хоровите траеше од 21 до 23 часот. Концертот прво го поздрави Претседателот на комисијата за односи со верските заедници г-дин Цане Мојаноски, а потоа поздравно слово упати проф. д-р Валериј Алексеев - претседател на меѓународниот фонд за единство на православните народи, кој ги пренесе поздравите на Серускиот Патријарх Алексеј II до македонскиот православен народ и на претседателот на Советот на федерацијата на федералното собрание на Руската Федерација С. М. Миронов.

Овие хорови претходно имаа свои настапи во Скопје, Велес, Струмица, Прилеп и Битола.