Осветување на црква (18.07.2005)
Митрополитот Дебарско-кичесвки и Плаошко-струшки г. Тимотеј вчера, на денот на Светиот Андреј Критски, во с. Волино (Охридско архиерејско намесништво) изврши осветување на новоизградената црква посветена на Светата великомаченичка Недела, во сослужение на парохискиот свештеник од с. Волино, секретарот на епархијата и други свештенослужители од епархијата. После осветувањето, Владиката отслужи Божествена Литургија, на која со беседа му се обрати на верниот народ, кој за оваа прилика во голем број беше дојден од околните села како и од Струга и Охрид.
Црквата посветена на Светата великомаченичка Недела е изградена од камен. Селото каде што црквата се наоѓа е на оддалеченост од околу 8 километри од Охрид, на патот од Кичево кон Охрид. Внатрешноста на црквата заедно со олтарниот дел е фрескописана од познати фрескописци од Струга. Автор на проектот за оваа црква е архитектот г-дин Тодор Паскали од Охрид.